Пионер во трговијата со врвни дизајнерски брендови на мебел, од целиот свет скоро 30 години….со акцент на Made in Italy мебел и аксесоари во овој дел на Европа.
Повеќедецениско искуство во увоз, дистрибуција и продажба на висококвалитетен мебел, препознатлив бренд кој е синоним за квалитет, најфини детали и постојано тежнеење за иновативни материјали.
Нашата приказна трае заради силниот ентитет на врвен квалитет кој секогаш го следи производ со совршен дизајн и високи стандарди.
Тим на дизајнери и архитекти работат во Casa Italia на две страни на светот, кои веруваат дека како што не постојат две исти личности, нема ни две исти простории.
Casa Italia е бренд наменет за клиенти кои бараат иновативни, луксузни и модерни елементи за својот дом или деловен простор, како и за архитекти и дизајнери на енетериери кои тука доаѓаат за своите клиенти да го изберат најдоброто.
Постојано ги следиме трендовите во светот на дизајнот, присутни сме на два континенти Европа (Скопје, Милано) и Азија (Сингапур), а понудата ја комплетираме со нови и нови брендови и продукти, како би одговориле и на најспецифичните потреби на нашите клиенти.
Имаме и надворешни соработници, кои во светот на нашата индустрија се високо позиционирани заради нивната естетика, интервенциите кои како експерти ги прават со современите и класичните парчиња мебел, детали и материјали, со што Casa Italia е високопозициониран глобален бренд со императив на врвно, кое ретко во овој свет се постигнува.
-Casa Italia
CASA ITALIA
Секогаш е вистинско време да започнете свој бизнис
Менче Николовска-Папешосновач на Каза Италија
Пред извесно време, една новинарка ме запраша: “Дали пред 28 години кога ја формиравте Каза Италија имавте јасна идеја како тој бизнис треба да изгледа?”
Оние кои добро ме познаваат, знаат колку сум директна во комуникацијата и целосно искрена.
Таков беше и одговорот:
“Јас мислев дека имам идеја, но она што го знам е и колку да сте стручни, упатени и убедени дека знаете и можете, факт е дека луѓето го учат бизнисиот дури тогаш кога со него вистински ќе почнат да се занимаваат. Зошто, многумина верувајте да знаат што сé ќе имаат како предизвик, можеби никогаш не би започнале.”
Но, не и јас…оттука и оваа мала историја за мојот пат на успехот.
Имав само 20 години кога се впуштив во оваа авантура, со позајмени 5.000 германски марки, во таа далечна 1993 година од сопругот на мојата сестра. За мене таа сума беше “филмска”, а отварањето на “Првата Каза” – како што јас милувам да ја кажам кај Универзална сала, беше вистински хит.
Да донесете Made in Italy дизајнерски парчиња мебел во држава која штотуку се формира по распадот на старата Југославија, на подрачје каде што во соседство имаше војни, беше лудост.
За многумина луди беа и моите 20 години за влез во непознат бизнис.
Но, јас сум како ветер, факултетот за мене беше досаден свет и за неполни две години мојот бизнис го раширив.
По Скопје, отворив свој showroom во Битола, а веднаш потоа излегов од границите на Македонија и Каза Италија ја имаше во Будимпешта, во Букурешт и во Софија.
Потоа, доаѓа таа 2005 година, во која донесов една поинаква одлука.
А тоа беше, личната кариера и бизнисот да ги ставам во една пауза, со една благородна цел, да станам мајка.
И колку да звучи нелогично за вака раширен бизнис да доживее кочница, но мојот став во животот е она што го правиш прави го целосно, со цела посветеност и со цела љубов….ако не си доволно посветен, немој да импровизираш.
И тогаш се одлучив на еден исто така бестрашен чекор, да продадам сé, освен мојата компанија во Скопје, која проценив дека можам да ја управувам и да бидам сугурна дека ќе биде поставена на врвот.
Таму каде што и залсужува да биде.
Таа, условно земена пауза, ми е еден прекасен миг од животот, на која од оваа дистанца гледам како на мудра и потребна одлука која ме направи среќна на многу начини, а и беше период на едно поинакво зреење кое траеше некои 7 години.
Двете деца и смејниот живот имаа една убава и хармонизирана динамика.
И тогаш почувствував дека е сега време за нови предизвици.
Донесовме одлука, да мислиме на еден друг крај на светот, страшно компетитивен, дестинација за бизнис предизвик “каде ајкулите буквално се јадат меѓусебно”.
Време беше за Каза Италија во Сингапур.
Таму сме и денес со свои канцеларии, а и во Скопје каде што сé започна.
Живот на релација Скопје-Сингапур-Милано-Скопје во реализирање на врвни проекти кои се high end во нашата бранша.
Денес, слободно можам да заклучам дека мојот бизнис, мојата Каза Италија е поим за убаво.
Исто како и архитектурата и дизајнот на ентериери. Ако не е убаво, тогаш не е ни архитектура, ни дизајн на енетриери.
Денес сум она што сум благодарение на храброста, на инстиктот кој никогаш не ме излажал и на бескрајната верба во себеси и во тимот со кој бирам да работа.
Мојот тим секогаш го сочинуваат врвни професионалци. И тука нема компромис.
Веруваме во посветена работа, во внимание и индивидуален пристап до секој клиент, од најмал до најголем…за нас клиентите се светост. Нема зборови кои можат да ја опишат нашата радост кога ќе го видиме сјајот на среќа во очите на сите наши клиенти кога ќе го видат резултатот од нашата работа без разлика дали е тоа нивниот дом или инвестиција во деловен простор.
Не можете да бидете на врвот во оваа бранша, ако не го сакате она што го работите, ако континуирано не учите и напредувате и ако се задоволувате со просек.
Ова е исто така бранша во која треба и ризик – терен кој јас лично го живеам од својата 20 година.
Треба да се ризикува. не е клише, вистина е.
Среќата ги следи храбрите.
И нешто за крај…или за почеток…
Животот е сега, во овој миг и како таков треба да се цени.
Тешко ќе креираме подобар свет-ако не се обидеме.
Јас на подобар свет, со мојата Каза Италија работам секој ден.